Цонга го освои турнирот во Ротердам

Францускиот тенисер Жо – Вилфрид Цонга е победник на АТП турнирот во Ротердам. Тој во финалето го совлада белгискиот тенисер Давид Гофан со 2-1 во сетови. Тоа е прв трофеј за Цонга од 2015 година.

Гофан го освои првиот сет со 6-4, но потоа Французинот влезе во ритам и заигра многу поагресивно. Цонга возврати во вториот сет со идентични 6-4 во гемови, а потоа и комплетно го разби противникот, добивајќи го третиот сет со убедливи 6-1.

Се вчитува...