Црна Гора немаше сила… Хрватска се мачеше, но со доминантно второ полувреме до триумф

Ракометарите на Хрватска потешко од очекувањата, сепак, ја оправдаа фаворитската улога против Црна Гора на отворањето на Европското првенство 2020 славејќи во Грац со 27-21 (12-13).

Во вториот натпревар од Групата А, Хрватите имаа негатива по првото полувреме од 12-13, наидувајќи на повеќе од цврст отпор на Црногорците кои предводени од Липовина сосема заслужено заминаа со предност на одмор.

Но, во вториот дел составот на Лино Червар заигра далеку поагресивно во одбраната што резултираше со серија од 4-0 за водство од 17-14. Во продолжението предноста само се зголемуваше за конечна победа од 27-21.

Најефикасен во победата на Хрватска беше Лука Циндриќ со шест гола, а Марио Мариќ и Хорват постигнаа по четири погодоци. Кај Црна Гора се издвои Немања Грбовиќ со шест гола.

Во првиот натпревар од Групата А, Белорусија ја победи Србија со 35-30.

Шпанија, пак, во вториот меч од Групата Ц лесно дојде до победа од 33-22 против Летонија. Шпанците до триумфот беа предводени од Анхел Фернандез со пет гола.

Во првиот меч од групата Германија убедливо со 34-23 ја победи Холандија.

Се вчитува...