Црна Гора против Косово ќе игра пред празни трибини

Европската куќа на фудбалот УЕФА донесе одлука со која репрезентацијата на Црна Гора натпреварот против Косово во квалификациите за Европското првенство 2020 кој е закажан за 7 јуни ќе мора да го игра пред празни трибини.

Црна Гора е казнета за натпреварот против Англија на кој расистичка основа беа навредувани црномурестите фудбалери на гостинскиот тим УЕФА ја разгледа поднесената пријава од страна на Фудбалската федерација на Англија и одлучи да го казни националниот тим на Црна Гора со еден меч играње без публика.

За потсетување натпреварот меѓу Црна Гора и Англија заврши со убедлива победа на гостите од 1-5.

Се вчитува...