Вториот тим на Е. Пелистер е меѓу најактивните кога станува збор за новите ракометари доведени во текот на летово, се со цел новиот тренер Бранислав Ангеловски да има широк ростер на квалитетни ракометари со кои би се изборил за место во Топ 6.
По серијата домашни ракометари, битолчани денеска го официјализираа и првото странско засилување за наредната сезона, потпишувајќи договор со Данило Гутиќ.
Станува збор за 18-годишен црногорски ракометар кој настапува на позицијата десен бек. Тој кариерата ја почна во Морнар, потоа се пресели во бундеслигашот Штутгарт, но откако му стана јасно дека нема да има посериозна улога во овој клуб реши да дојде во мак-ракометот и да се приклучи на битолскиот проект.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
