Црногорецот кој се тргна да биде постигнат гол, доби казна од 18 месеци суспензија (ВИДЕО)

Фудбалерот на Младост од Подгорица, Звонко Цеклиќ е казнет со 18 месеци суспензија од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора и ФИФА, по скандалозниот натпревар во црногорскиот шампионат.

На дуелот меѓу Младост и Дечичи кој гостите го добија со 0-3, во финишот на првото полувреме Цеклиќ едноставно се тргна за гостинскиот фудбалер да може да постигне гол. Домашниот дефанзивец ја тргна ногата, овозможувајќи погодок за гостите на очиглед на целата спортска јавност.

И коментаторот на натпреварот, но и бројните љубители на фудбалот, не можеа да го сокријат неверувањето од тоа што го видоа.

„Погледнете како Цеклиќ се трга. За што се работи овде? Зошто?“ – се прашуваше коментаторот.

Се вчитува...