Црногорките на крилјата на екс-вардарките Грбиќ и Радичевиќ до драматично славје со Романија, за полуфинале!

Ракометарките на Црна Гора се на само чекор од место во полуфиналето на Европското првенство 2022 откако славеа во повеќе од драматичен натпревар од Групата 2 во Скопје против Романија со 35-34.

Црногорките до триумфот беа водени од поранешните вардарки Итана Грбиќ и Јованка Радичевиќ кои заедно дадоа 16 гола од 35-те на Црна Гора.

Во својот јубилеен 50-ти меч на европските првенства, Радичевиќ даде осум гола од кои последниот од пенал за печат на победата против Романија а убедливо најдобар поединец на мечот беше младата Итана Грбиќ со осум гола и исто толку асистенции.

Црна Гора сега има шест бода, исто колку и Франција… Во денешниот втор натпревар во Скопје, Франција треба да ја победи Германија за и сигурен пат на Црногорките во полуфиналето во Љубљана.

Се вчитува...