Поранешниот фудбалер на Вардар, Дамир Којашевиќ кој го носеше „црно-црвениот“ дрес во сезоната 2016/17 бил претепан од црногорската полиција без причина, пренесуваат тамошните медиуми. Големиот скандал го потврди самиот фудбалер, а има и видео од немилата ситуација.
Црногорецот вели дека не згрешил ништо, тоа им го кажал и на полицајците, а потоа почнало и малтретирањето па тој ќе ги тужи за непрофесионален однос.
„Се движев кон училиштето на мојот син за да го земам, а група полицајци беа зад мене и вклучија ротација за да ме застанат. Го претресуваа моето возило, а и мене самиот, иако им кажав дека немам направено никаков прекршок. Тогаш почна малтретирањето, по што ме удрија неколку пати. Никому ништо немам направено, а раката ми е скршена од претходно. Буквално ништо немам направено, а тие ме малтретираа. Дури кога ја видов видео-снимката решив да ги тужам, иако ме молеа да не го правам тоа“, вели Којашевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА