Црногорците примија ефектен гол во 94. минута и останаа без победа во трилерот во Каунас (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Црна Гора испушти победа во Каунас на гостувањето против Литванија во квалифицискиот натпревар од Групата Г за пласман на ЕП 2024.

Цроногорците имаа водство од 1-2 се до последните секунди од средбата, во еден трилер меч со пресврт.

Кога се чинеше дека ќе ги однесат гостите трите бода, во четвртата минута од судиското продолжение Черних постигна ефектен гол со шут од 20 метри за конечни 2-2.

Претходно, Црна Гора со голот на Стефан Савиќ во 89. минута дојде до 1-2, откако Литванците први поведоа во 71. минута, а Крстовиќ израмни на 1-1 во 78. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...