Црногорците украдени во Софија… Бугарија стигна до реми од непостоечки пенал (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Црна Гора ремизираше во Софија со Бугарија (1-1) во натпреварот од 1. коло во квалификациите за ЕП 2020.

Црногорците има за што да жалат од овој меч затоа што беа очигледно украдени на дуелот со досуден апсолутно непостоечки пенал. Фудбалерите на Црна Гора имаа предност од 0-1, беа на чекор од триумф, па во 82. минута против нив беше досуден апсолутно непостоечки пенал. Иако имаше прекршок истиот беше надвор од 16 метри, но судијата Букет се одлучи да покаже на белата точка и индиректно да и донесе бод на Бугарија.

Голот од пенал го постигна Неделев. Претходно Црна Гора поведе во 50. минута со голот на Мугоша.

Црногорците веќе за три дена ги очекува дуелот со Англија во Подгорица. Следниот натпревар на Бугарија е против Косово на гостински терен.

Се вчитува...