„Црвен аларм“ во Јувентус поради Дибала

Веќе се погласни се шпекулациите дека Андреа Пирло ќе добие отказ во Јувентус по лошиот старт на сезоната. Но, во морето проблеми на „Старата дама“ сериозни главоболки предизвикува и одбивањето на еден од најдобрите фудбалери Пауло Дибала да го продолжи договорот.

Договорот на Дибала е до јуни 2022 година и сега бара астрономска плата, дури 15 милиони евра, што е двојно повеќе од неговата моментална плата и би станал втор најплатен фудбалер во Јувентус, веднаш зад недопирливиот Кристијано Роналдо.

Јувентус нуди „само“ 10 милиони евра, но Дибала не се откажува од своите барања. Клубот од Торино се надева дека, сепак, ќе дојде до договор до крајот на сезоната. Тоа што е сигурно е дека Јувентус, по никоја цена, не сака да го изгуби Дибала иако сето тоа може да биде дополнително проблематизирано доколку Пирло продолжи да го држи на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...