Црвена Звезда без клучен играч за вечното дерби против Партизан

Црвена Звезда ќе биде сериозно ослабена на саботното дерби против Партизан откако тренерот Милојевиќ остана без услугите на клучен фудбалер. Станува збор за Александар Катаи, одличниот офанзивец на „црвено-белите“, кои цела сезона се мачи со серија на незгодни повреди.

Катаи беше оставен на клупата за резерви минатиот викенд против ТСЦ, со надеж дека во текот на оваа седмица ќе почне да тренира со полна пареа и ќе биде во можност да помогне против Партизан. Сепак, „Спортски Журнал“ информира дека овој фудбалер дефинитивно ги загубил сите шанси за настап на саботното вечно дерби. Црвена Звезда претходно остана и без помошта на младиот Владимир Лучиќ, кој поради повреда на коленото предвреме ја заврши оваа натпреварувачка сезона.

Партизан моментно е лидер на табелата во српскиот шампионат со само еден бод предност во однос на Црвена Звезда, па јасно е дека дербито в сабота може да се покаже одлучувачко во трката за титулата кај нашиот северен сосед.

Се вчитува...