Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаја сосема неочекуван пораз од Макаби Тел Авив во 23. коло од Евролигата. Израелците, во салата „Александар Николиќ“ во Белград победија со 85-73.
Екипата на Одед Каташ кон средината на првата четвртина го презеде водството и го чуваше до самиот крај. Црвена Звезда, крајно изненадувачки, одигра еден летаргичен натпревар во текот на сите 40 минути.
Единствено искусниот Милош Теодосиќ во третата четвртина се обиде да го „разбуди тимот“, но неговата магија не беше доволна, па на крај Макаби го запиша само својот шестти триумф во Евролигата, а Црвена Звезда дојде и до десетиот пораз.
Дибартоломео со 15 поени беше најефикасен кај Макаби, а Милош Теодосиќ со 15 поени и пет асистенции беше најдобар кај црвено-белите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА