Белградска Црвена Звезда се најде под можна санкција од ФИФА. Како што тврди „Спорт Клуб“, ФИФА веќе донела забрана за Црвена Звезда за трансфер и регистрација на нови играчи до јуни 2027 година.
Санкциите ќе траат една година, освен ако клубот во меѓувреме не ги подмири своите обврски од една од постапките што се водат пред Судот на ФИФА.
Сепак, извори блиски до клубот тврдат дека сè е платено и дека Звезда нема забрана за доведување и регистрирање нови играчи.
Досега не пристигна официјална потврда од Фудбалскиот сојуз на Србија за казната што му е изречена на белградскиот клуб.
За потсетување, овие дисциплински мерки на ФИФА главно се однесуваат на меѓународни спорови и стапуваат на сила кога клубовите не ги исполнуваат обврските дефинирани со правно обврзувачки одлуки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
