Црвена Звезда доминантно до петтата шампионска титула во низа (ФОТО)

Црвена Звезда ја продолжи доминацијата во „елитата“ на српскиот фудбал откако со победата од 3-1 над Вождовац ја потврди шампионската титула која за „црвено-белите“ е петта во низа.

Белграѓани до предност ги доведе Катаи во 40. минута, а откако овој резултат остана на семафорот и до крајот на првото полувреме, Иваниќ со гол во 54. минута донесе 2-0. Мијолевиќ во 67. минута стрелаше за гостите, но Борјан во втората минута од судиското продолжение ја потврди победата.

Партизан беше во игра за титула до последното коло, но и покрај победата над Раднички Ниш од 2-0 во денешниот натпревар остана пет бода „кус“ во однос на лутот ривал.

Се вчитува...