Црвена Звезда експресно назначи тренер по оставката на Дејан Станковиќ

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда назначи нов шеф на стручниот штаб, веднаш по оставката на легендата Дејан Станковиќ од функцијата. Српскиот првак во иднина ќе го води Милош Милојевиќ, кој бил помошник на Станковиќ од 2019 до 2021 година.

Милојевиќ во кариерата беше тренер на Викинг, Мјалби, во исландски Бреидаблик, Хамарби и во Малме. Токму со Малме го освои Купот на Шведска, додека како асистент во Црвена Звезда освои две титули и Куп на Србија.

Еден од кандидатите заз клупата на Црвена Звезда беше и актуелниот селектор Благоја Милевски. Милевски уште минатата сезона се споменуваше како една од можните варијанти за белградските „црвено-бели“, во миговите кога се шпекулираше дека Дејан Станковиќ ќе замине во Италија.

Се вчитува...