Со голем пресврт во финишот на средбата, Црвена Звезда го совлада Партизан во големото српско дерби, и се доближи до нова титула во првенството на Србија. „Црвено-белите“ сега имаат 10 бодови предност од својот ривал, и се чини дека ќе дојде до нов пехар во шампионатот.
Партизан два пати водеше, но предноста ја испушти во самата завршница. Баждар во 11. минута од средбата донесе предност, но само пет минути подоцна од пенал Канга го израмни резултатот.
Нов шок на „Маракана“ донесе Северина во 56. минута кога го совлада Глазер и повторно го донесе Партизан во предност. Предноста беше актуелна се до 89. минута кога Ендиаје израмни, и покрај тоа што играчите на Партизан бараа прекршок, сепак, судијата покажа на центарот.
Имаше продолженија од 15 минути, па во 99. минута Катаи од пенал донесе водство за Звезда, кое беше задржано до крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА