Црвена звезда го договори наследникот на Коди

Црвена Звезда долго време беше во игра за место во плејофот и атак на Ф4 во Евролигата, не само што тоа не се случи, туку белградскиот тим во меѓувреме беше и посрамотен од големиот ривал Партизан губејќи во полуфиналето од АБА-лигата.

„Црвено-белите“ најавуваат сериозни промени, за нов тренер се преговара со Василис Спанулис, а веќе е договорено и првото сериозно засилување за играчкиот кадар.

Станува збор за Крис Џонс, одличниот американски плејмејкер кој летово имаше неколку интересни понуди на маса, но на крајот ја избрал токму онаа на белградските „црвено-бели“. Џонс беше одличен во вториот дел од сезонава во дресот на Хапоел, но свесен дека Мициќ и Брајант секогаш ќе ја имаат улогата на лидери реши да ги смени клупските бои иако Израелците му нудеа одлични услови за нов договор.

Џонс би требало да биде прв плејмејкер на Црвена Звезда во новата сезона, заземајќи го местото на Коди Милер Мекинтаер кој е пред потпис со Олимпијакос.

Се вчитува...