Црвена Звезда го претстави првото летно засилување

Новиот тренер Ибон Наваро пред неколку дена пристигна во Белград, а Црвена Звезда денеска го претстави и првото засилување за анредната сезона.

Американскиот плејмејкер Крис Џонс е ново име во таборот на белградските црвено-бели откако искусниот плејмејкер реши да си замине од Хапоел Тел Авив, а од неколкуте понуди на маса ја избра токму онаа на српскиот клуб.

Џонс потпиша двогогипшен договор со „црвено-белите“ и ќе претставува замена за Коди Милер Мекинтаер, кој летово го напушти клубот и се наоѓа пред потпис со Олимпијакос.

Крис Џонс минатата сезона одигра 42 средби за Хапоел во Евролигата, на четири беше стартер, а во просек имаше 10 поени (42,3% шут за тројка) и 4,2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...