Црвена звезда и без Бјелица против Карпош соколи

Карпош соколи ќе се обиде да ја продолжи фантастичната серија победи на домашен терен во АБА-лигата на утрешниот дуел против Црвена звезда. Бранителот на трофејот е огромен фаворит, но истото важеше и за Будуќност и за Цедевита, кои капитулираа пред избраниците на Драган Николиќ. Шансите на „соколите“ за нова сензација се уште поголеми ако се знае дека Црвена звезда допатува во Скопје без центарот Милко Бјелица, кој има болки во грбот по повредата заработена на последниот меч во Евролигата.

И теоретски го обезбедивме првото место, но тоа не значи дека против Карпош соколи ќе играме со намален интензитет. И да сакаме да тактизираме, ние не можеме да го правиме тоа со овој состав. Дангубиќ не патува во Скопје, а освен него нема да може да игра ниту Бјелица, кој има проблеми со грбот. Карпош стигна до добра позиција во битката за опстанок, сака да го избегне последното место, a ние мораме да бидеме подобри без оглед на повредите и кошаркарите кои играат низ болка“ – изјави тренерот Дејан Радоњиќ.

Се вчитува...