Црвена Звезда има нов тренер, потпиша до 2026 година

Израелскиот стручњак Барак Бахар и официјално ќе биде тренер на Црвена Звезда. Милош Милојевиќ ќе го води тимот уште во финалето на Купот, а потоа заминува. Најдобриот израелски тренер во моментов потпиша договор со тимот од белградска Маракана во 2026 година.

Црвена Звезда уште зимоска бараше нов тренер. Се споменуваа и големи имиња како Пауло Соуса, Винченцо Монтела, Еузебио ди Франческо.

Српскиот првак посакува што подобро да се претстави во следната сезона во Лигата на шампионите, каде што ќе настапува директно во групната фаза. Бахар во минатото беше дел од Макаби Хаифа, Хапоел Бер Шева и Ирони Кирјат Шмона.

Се вчитува...