Црвена Звезда на една победа до одбрана на титулата

Црвена Звезда поведе со 2-1 во финалната серија против Партизан, славејќи на вечерашниот натпревар на кој „црвено-белите“ важеа за домаќини со резултат 96-90. Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека избраниците на тренерот Томиќ доминираа цел меч, го контролираа резултатот и на крајот се радуваа на победата.

Во последната четвртина Црвена Звезда во неколку наврати стигнуваше до предност од десет поени, но Партизан успеваше да се врати и да се приближи на само две поени разлика (85-83). Трагичар на „црно-белите“ беше поранешниот член на вечниот ривал, Никола Јанковиќ. Тој на помалку од две минути до крајот направи лична грешка за три слободни фрлања на Берон, потоа на спротивната страна самиот промаши два „пенали“, со што му ја подари победата на својот поранешен клуб.

Црвена Звезда постигна вкупно 15 тројки, а најефикасни вечерва беа Берон со 23 и Давидовац со 17 постигнати поени. Кај Партизан најдобри стрелци во вечерашниот пораз беа Маринковиќ со 21 постигнат поен, три повеќе од Ренфро.

Се вчитува...