„Црвена Звезда не ја интересира никаква Супер-лига“

Желбата и идејата за формирање на ново фудбалско меѓународно натпреварување под називот Супер-лига денеска доби голема поткрепа откако Европскиот Суд донесе одлука дека УЕФА и ФИФА немаат право да ги санкционираат екипите кои сакаат да бидат дел од друго меѓународно натпреварување, кое не е под капата на овие организации.

Очекувањата се дека голем број на клубови ќе им се приклучат на организаторите Реал Мадрид и Барселона, но еден од нема да биде регионалниот гигант Црвена Звезда. Говорејќи на пресконференција за српските медиуми, генералниот директор на белградските „црвено-бели“, Звездан Терзиќ напомена дека клубот останува верен на УЕФА.

„Ставот на Црвена Звезда е јасен. Ние не сакаме да преговараме, ниту да работиме нешто што не е во својство со УЕФА. Имаме добар однос со нив и тоа е единствениот исправен спортски модел. Не не интересира никаква Супер-лига, остануваме дел од УЕФА до крајот“, изјави Терзиќ.

Се вчитува...