Црвена Звезда немаше сили за изненадување во Атина: Панатинаикос до прва победа во Евролигата

Во крајно неизвесен натпревар, Панатинаикос стигна до првата победа на стартот од новата сезона во Евролигата. Грците пред своите навивачи триумфираа со 87-82 против белградска Црвена Звезда.

Панатинаикос победата ја осигура благодарение на одличната игра само во третата четвртина која ја доби со 29-18. Претходно, Црвена Звезда одлично го почна мечот добивајќи го првиот период со 14-17, а вториот период главно мина во израмнета игра.

Во последната четвртина гостите се обидоа да дојдат до пресврт, стигнаа во последната минута и на негатива од само пет поени но немаа сила за комплетно изненадување, на крајот за конечни 87-82.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ник Калатес со 21 поен, а 18 поени запиша Томас. Кај Црвена Звезда се издвоија Џејмс Гист со 22 поени, како и Били Барон и Лоренцо Браун со по 15 постигнати поени.

Во првиот денешен натпревар Химки на домашен терен славеше со 89-83 против Макаби Тел Авив.

Се вчитува...