Црвена Звезда носи топ-засилување во рекетот

Црвена Звезда ќе заврши огромна работа со пополнување на рекетот за наредната сезона откако поранешниот шампион на АБА-лигата го финишираше договорот со Џонатан Мотли.

Одличниот центар кој со успех настапуваше за неколку евролигаши во изминатите години веќе ги договори сите услови со белградските црвено-бели, па се чека само на официјализација на трансферот што ќе пополни големо парче во мозаикот околу изгледот на тимот на Звезда за сезоната  2026/27.

Мотли имаше договор со Црвена Звезда и пред една година, но проблем беше фактот дека Хапоел не му дозволи да си замине без отштета, барајќи еден милион евра што српскиот клуб одби да ги плати.

Ситуацијата овојпат е поинаква, Мотли доби раскин на договорот со израелскиот гигант, сега е слободен да ја избере новата дестинација во кариерата, а изборот паднал – токму на Црвена Звезда.

Се вчитува...