Црвена Звезда падна на најважниот испит, ќе мора да игра плејин

Црвена Звезда претрпе убедлив пораз на гостувањето против Реал Мадрид со резултат , исход што значеше и крај на шансите на „црвено-белите“ за директно место во плејофот. Наместо во Топ 6, српскиот тим ќе мора да се задоволи само со место во плејин доигрувањето, а утрешните натпревари на Монако, Панатинаикос и Барселона ќе покажат дали тимот на Саша Обрадовиќ ќе ја има улогата на домаќин или гостин во првиот меч од доигрувањето.

„Црвено-белите“ денеска парираа само во првата четвртина (27-25), Реал потоа се одлепи во вториот период што „кралевите“ го добија со 29-19, за во преостанатите 20 минути шпанскиот џин да го дотолчи ривалот од Србија, за триумф изразен со конечните „плус 21“.

Хезоња беше прв стрелец со 19 поени, а одличен кај Реал беше и Кампацо со 16 поени, 8 асистенции и 3 украдени топки. Најефикасни кај Црвена Звезда беа Нвора со 15 и Монеке со 14 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...