Серијата на победи во Евролигата на Црвена Звезда ја прекина Дубаи кој одигра речиси совршен натпревар за лесен трумф над „најжешкиот“ клуб во најсилното европско кошаркарско првенство па „црвено-белите“ ќе целат да се вратат на победничките патеки веќе на денешниот натпревар против Монако.
Обрадовиќ се среќава против неговиот доскорешен тим, а ќе има и отежнувачка околност за триумф со оглед на повредените кошаркари.
Денеска Црвена Звезда со соопштение ја откри „медицинската“ карта откривајќи дека дел од натпреварот нема да бидат Ебука Изунду и Чима Монеке, а одлука за настап на Џордан Нвора ќе биде донесена непосредно пред почетокот на натпреварот.
Обрадовиќ исто така нема да смета на Девонте Грејем кој е блиску до враќање на теренот, но нема да биде дел од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

