Црвена Звезда промовираше еден и врати друг кошаркар во тимот (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда продолжува со засилувања за новата сезона. Откако го потврди ангажманот на три странски кошаркари денеска се пофали со ангажман на српскиот бек Стефан Миљеновиќ кој пристигнува од редовите на Мега.

Дел од тимот во сезоната 2025/26 ќе биде и Урош Плавшиќ кој се враќа на добро познато место по едносезонска позајмица во Бешикташ, клуб со кој играше во финалето на турското првенство.

Се вчитува...