Црвена Звезда славеше против Уникс Казан

Црвена Звезда во Белград славеше лесна победа од 83-65 (10-14,30-17,17-18,26-16) против Уникс Казан во резултатски безначаен натпревар од претпоследното коло во Евролигата.

Клучната разлика на патот до победата Црвена Звезда ја направи во втората четвртина која ја доби со 13 поени разлика. Се понатака беше само рутинско одржување на предноста за конечен триумф.

По вчерашната победа на Дарушафака над Бамберг, српскиот шампион беше без императив за победа на дуелот со Уникс Казан, затоа што пласманот во четвртфиналето на елитното европско натпреварување ќе мора да го бара во Истанбул во последното коло кога гостува на Дарушафака.

Во случај на ист скор на крајот од трката, „црвено-белите“ ќе мора да победат со повеќе од три поени во Турција, бидејќи противникот со таа разлика славеше во првиот меч во Белград.

Се вчитува...