Црвена звезда со нова убедлива победа го потврди пласманот во 3. коло од квалификациите во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалскиот шампион на Србија, Црвена звезда со нова убедлива победа против Ларне од Северна Ирска овојпат на домашен терен од 5-0 го потврди пласманот во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

По убедливиот триумф во Северна Ирска пред седум дена од 0-4, белграѓани и на денешниот меч брзо стигнаа до водство од 1-0 откако Катаи стрелаше уште во 4. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со голот на Арнаутовиќ во четвртата минута од судиското продолжение.

Во вториот дел на 3-0 зголеми Лоизу во 49. минута. Арнаутовиќ со својот втор гол во 60. минута стрелаше за 4-0, додека конечните 5-0 ги постави Букари во 79. минута.

Crvena Zvezda 4-0 Larne [8-0 on agg.] – Marko Arnautovic 60'
byu/Meladroit10 insoccer

Се вчитува...