Црвена Звезда со обезбден пласман во 3. коло во ЛШ, само „реми“ за Динамо Загреб

Убедлив триумф на фудбалерите на Црвена Звезда од гостувањето во Северна Ирска против Ларн во првиот меч од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите. На крајот триумф на српскиот тим со 0-4, со што е направен огромен чекор кон следната фаза од елитното натпреварување.

Дуарте од пенал во првиот дел донесе 0-1, а потоа во вториот дел уште три кола во мрежата на Ларн и тоа преку Костов, повторно Дуарте и Чам за убедливи четири плус пред реваншот во Белград.

Динамо Загреб ќе има тешка задача на реваншот, затоа што одигра само нерешено 1-1 против Тун од Швајцарија. Швајцарците имаа предност по првиот дел, но Зајц успеа да донесе реми за „модрите“.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ, 2. КОЛО, ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Арарат – Шамрок 2-0

Иберија – Слован Братислава 0-2

Мјалби – Линколн 3-0

Сабај Баку – Купс 1-0

Архус – Лех 1-4

Фенербахче – Горник 1-0

Тун – Динамо З. 1-1

Штурм – Хартс  4-0

Клаксвик – Кауно Жалгирис 0-0

Ларн – Црвена Звезда 0-4

Викингур – Рејкјавик 2-1

Се вчитува...