Црвена Звезда со пресврт до трофејот и во Купот за двојна круна во Србија (ВИДЕО)

Црвена Звезда по шести пат во историјата дојде до трофејот во Купот на Србија, откако во финалето на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград со пресврт триумфираше со 2-1 против Чукарички.

Црвено-белите на тој начин дојдоа повторно до двојната круна во Србија, сега и третпат едноподруго освојувајќи го трофејот во најмасовното клупско натпреварување во Србија.

А, Чукарчки поведе на натпреварот со феноменалниот гол директно од корнер на Доциќ уште во 21. минута…

Сепак, во второто полувреме, со двата гола на Пешиќ во 61. минута и во 76. минута Црвена Звезда дојде до пресврт победа и нов трофеј во фудбалските натпреварувања во Србија.

Се вчитува...