Црвена звезда со роденденски подарок за Лука Дончиќ (ФОТО)

Лука Дончиќ пред неколку дена стана полнолетен, а најдобриот млад кошаркар во Европа се уште добива подароци за својот 18. роденден. Последниот пристигна од раководството на Црвена звезда, тимот што вечерва ќе им гостува во Мадрид на Дончиќ и на Реал Мадрид.

Шампионот на АБА-лигата му подари на Словенецот дрес од Црвена звезда со бројот 18, како одбележување на полнолетството на фантастичниот кошаркар пред кого дефинитивно е блескава иднина.

doncic crvena zvezda

Се вчитува...