Црвена Звезда убедливо го совлада Партизан и го освои Купот „Радивој Корач“

Црвена Звезда со 85:68 го совлада вечниот ривал Партизан, и го освои Купот „Радивој Корач“. Звезда речиси во целиот тек на мечот доминираше, а избраниците на Жељко Обрадовиќ никако не можеа да се вратат во мечот.

Звезда тргна со серија од 10-0, но некако Партизан успеа да стигне. Меѓутоа потоа „црвено-белите“ се одлепуваа и едно време стигнаа до 23 разлика, после кои немаше веќе враќање. Единствено Партизан успеа да ја добие последната четвртина, кога финалето беше решено.

Најдобриот стрелец доаѓа од Партизан. Лесор постигна 19 поени, додека Калиниќ кај Звезда беше најефикасен со 18 поени.

Фајнл-форот во Купот „Радивој Корач“ се играше во салата „Чаир“ во Ниш.

Се вчитува...