„Црвената фурија“ слета во Скопје: Без потценување против Македонија (ФОТО)

Репрезентацијата на Шпанија вечерва пристигна во Скопје пред квалификацискиот натпревар кој во недела од 20:45 часот на националната арена ја очекува со селекцијата на Македонија.

Шпанците по слетувањето на скопскиот аеродром „Александар Велики“ веднаш се упатија кон хотелот „Мериот“ во центарот на македонскиот главен град каде ќе бидат сместени овие два дена…

spanija vo Skopje 2

spanija vo Skopje

Согласно програмата, „црвената фурија“ утре од 19:30 часот на најголемиот македонски стадион ќе го одржи официјалниот тренинг пред неделниот натпревар. Претходно од 19 часот селекторот Лопетеги во прес-центарот на националната арена ќе одржи и средба со медиумите.

Се вчитува...