„Црвените-ѓаволи“ и сами не знаат како се извлекоа со Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед по пресврт со 2-1 славеше над Брајтон и Хов Албион во натпревар од 30. коло во англиската Премиер-лига. Поранешниот „ѓавол“ Дени Велбек во 13. минута донесе водство за гостите од 0-1.

Во 62. Маркус Рашфорд на асистенција на Бруно Фернандеш израмни на 1-1, а конечните 1-2 ги постави Мејсон Гринвуд во 83. минута. Гостите треба да бидат лути на главниот судија Мајк Дин кој не досуди пенал при резултат 1-1, кога видливо Мегваер го повлече Дени Велбек во шеснаесетникот.

 

 

 

 

 

Се вчитува...