„Црвените ѓаволи“ лесно со Сандерленд

Манчестер јунајтед оствари лесна и убедлива победа (0-3) на гости против Сандерленд. По овој триумф „црвените ѓаволи“ се уште се во трка за освојување на место кое води и во Лигата на шампионите.

Златам Ибрахимовиќ во 30.минута го отвори резултатот на овој меч, а Сандерленд пред крајот на првиот дел остана со играч помалку поради црвениот картон на Ларсон. Тоа Манчестер јунајтед го искористи на самиот старт од второто полувреме. Хенрик Мхитарјан во 47.минута постигна втор гол за Јунајтед, а во самата завршница Маркус Рашфорд го постави конечниот епилог, 0-3 во корист на тимот на Жозе Мурињо.

All Goals & Highlights HD – Sunderland 0-3… by TurkiyeKupasi

Се вчитува...