„Црвените ѓаволи“ на колена – Тотенхем ја освои Лигата на Европа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед со 1-0 во финалето од Лигата на Европа и го освоија првиот трофеј во Лигата на Европа на УЕФА по цели 17 години, а и првиот европски куп по дури 41 година!

На тој начин, тимот на Постекоглу успеа да дојде до Лигата на шампионите за следната сезона.

Јунајтед, од друга страна, неславно ја завршува можеби една од најлошите сезони во последната деценија, па и подолга, со пораз во натпревар што им беше последна шанса да ги избришат сите дамки од оваа сезона.

Херој во победата на Тотенхем беше Џонсон, стрелецот на единствениот гол во 42. минута.

Се вчитува...