„Црвените ѓаволи“ подобри од „граѓаните“: Лукаку го реши и Сити… (видео)

Манчестер Јунајтед продолжува со победничкиот ритам за време на својата подготвителна турнеја во САД, славејќи на синоќешниот пријателски натпревар против Манчестер сити со 2-0.

„Црвените ѓаволи“ до победата на дуелот во Хјустон дојдоа со погодоците на најновото засилување Ромел Лукаку, како и Маркус Рашфорд. Белгиецот резултатот го отвори во 37. минута, а младиот фудбалер печат на победата стави две минути подоцна.

Како што е познато, Јунајтед претходно славеше против ЛА Галакси и Реал Солт Лејк. Следен пријателски натпревар за избраниците на Жозе Мурињо е дуелот со Реал Мадрид.

Се вчитува...