„Црвените ѓаволи“ во паника од карантин: Коронавирус во Јунајтед, еден фудбалер е позитивен

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баји е позитивен на коронавирус, потврди менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер. Ваквата вест предизвика паника во редовите на „црвените ѓаволи“, кои чекаат инструкции од лекарскиот тим за понатамошниот тек на сезоната.

Во прилог на тимот од Манчестер е фактот дека Баји се заразил за време на репрезентативните обврски, па ова го смирува тренерот Солскјер, кој не верува дека неговиот тим треба да оди во изолација.

„За жал, Ерик не е со нас и нема да биде веќе некое време. Тој отсуствуваше поради обврски во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, а се покажа дека се заразил за време на паузата во националниот тим затоа што бил позитивен на тестот – ковид. За жал, тој нема да може да се врати во Велика Британија уште некое време“, рече Солскјер.

Баји оваа сезона одигра малку натпревари за Манчестер Јунајтед поради повреда на лигаментите, а токму кога започна да се враќа во форма, му се случи оваа инфекција, поради што нема да може да тренира со тимот барем две недели.

Се вчитува...