Црвенкоска од заменик-директор до помошник-тренер во Вардар

Вардар тргна моќно на резултатски план редејќи победи и во новата сезона, но се уште се случуваат сериозни осцилации во раководството на клубот. Доказ за тоа е и последниот потег, со кој досегашниот заменик-директор во клубот, Билјана Црвенковска, е прекомандувана во асистент на Роберто Гарсија Парондо, каде ќе биде дел од стручниот штаб на шпанскиот стратег заедно со тренерот на голманите, Дејан Периќ.

Среќна сум за шансата што ја добивам и навистина се чувствувам почестена што ќе бидам дел од стручниот штаб на Вардар, односно помошник на тренерот Роберто Парондо. Ова е ново искуство и голем предизвик за мене. Ќе дадам сѐод себе максимално да му помогнам на стручниот штаб и на целиот тим. Веќе неколку години сум дел од екипата на Вардар, со нив присуствувам на сите домашни натпревари, како и на повеќе гостувања. Знам како функционира тимот, се познаваме добро и очекувам соработка каква што и досега имав“, изјави Билјана Црвенковска за клупската веб-страница.

Вардар сезонава го брани трофејот во СЕХА Газпром лигата, домашното првенство и во Купот на Македонија. Во лигата на шампионите „црвено-црните” почнаа со победа и тоа на гостувањето кај актуелниот европски првак Монпелје, а следен предизвик е домашниот натпревар против Кристијанштад закажан за сабота во 17.30 часот.

Се вчитува...