„Црвено-жолто“ е и во „Village Phenomenal” (ФОТО)

mec banerКако што се приближува стартот на дуелот со Ангола, се поголем е и бројот на Македонци кои пристигнуваат во  „Village Phenomenal”, како што домаќините ја крстија фан-зоната во салата во Мец. Со оглед на фактот дека почна да паѓа и снег, добра околност е што фан-зоната е во затворен простор, па ракометните фанови можат во опуштена атмосфера да се загреат пред предизвиците на нивните репрезентации. Воедно, поставени се и неколку игри за анимација на фановите, кои имаат можност да добијат и одредени награди.Наши фанови доаѓаат од различни делови на Македонија, но и од земји ширум Европа, сите со една желба, вечерва да се слави победа над Ангола, со која осминафиналето би било на дофат.fan zona1 fan zona2 fan zona3 fan zona4 fan zona5 fan zona6

Се вчитува...