ЦСКА 1948 сака да го врати Доријан Бабунски во Бугарија

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски е трансферна цел на бугарскиот прволигаш ЦСКА 1948 од Софија.

Тимот на Љубослав Пенев сака да го засили нападот за новата сезона, па фокусот е на Доријан Бабунски кој блесна во дресот на Ботев Враца од каде на почетокот од годинава се пресели во унгарски Дебрецин.

Но, откако на стартот од новата сезона Бабунски не добива соодветна шанса во Дебрецин, кој го промени тренерот, сега ЦСКА 1948 посакува да го врати Доријан во Бугарија.

Доријан Бабунски, кој потекнува од фудбалската школа на Реал Мадрид, претходно во својата кариера има настапи и за Олимпија Љубљана, и јапонските Мачида и Кагошима јунајтед.

Се вчитува...