ЦСКА е „бронзена“ на Ф4 во Истанбул

ЦСКА Москва го освои третото место на фајналфор турнирот во Истанбул откако ланскиот европски првак овојпат мораше да се задоволи само со бронзено одличје по триумфот во „малото финале“ против Реал Мадрид со убедливи 94-70.

Стануваше збор за пресметка на двата тима со најдобар скор во регуларниот дел од сезоната, па логично беше да се очекува израмнета игра во текот на сите 40 минути. Не само што тоа не се случи, туку кошаркарите на ЦСКА се одлепија премногу рано, па веќе во деветтата минута стигнаа до првата двоцифрена предност.

Реал Мадрид се обиде да стори нешто повеќе, но „кралевите“ немаа расположен играч што би ги вратил во мечот. ЦСКА лесно го контролираше темпото, рускиот првак на полувреме замина со „+13“ (45-32), за позитивата уште повеќе да ја зголеми до самиот крај, за конечни 94-70.

Хајнс беше најефикасен кај ЦСКА Москва со 14 поени, пред Џексон и Де Коло со по 13 поени, додека први стрелци на Реал Мадрид при денешниот пораз беа Мачиулис и Ајон со по 11 поени.

Се вчитува...