ЦСКА го избра наследникот на Теодосиќ?

Загубениот трон на Европа е само почеток на проблемите за раководството на ЦСКА Москва, откако се погласни стануваат најавите дека рускиот гигант ќе остане и без услугите на Милош Теодосиќ. Српскиот плејмејкер има зад себе уште една извонредна сезона со која уште повеќе се зголемија понудите на НБА-клубовите за неговите услуги, а извори блиски до Теодосиќ тврдат дека тој летово конечно ќе го прифати предизвикот за преселба од другата страна на Атлантикот.

Во таборот на ЦСКА се подготвуваат за ваков развој на настаните, па веќе се договара и ангажманот на нов плејмејкер кој би претставувал достојна замена за српскиот кошаркарски генијалец. Станува збор за Серхио Родригез, извонредниот плејмејкер на шпанската репрезентација кој според тренерот Итудис би бил идеален наследник на Теодосиќ. Долгогодишниот член на Реал Мадрид ланската сезона ја мина во Филаделфија, но едногодишниот договор со овој клуб му истекува на 1 јули, по што Чачо Родригез би можел експресно да се врати во Европа, и тоа во еден од најдобрите тимови на Стариот континент.

Се вчитува...