ЦСКА го купи Лео Вестерман, се уште чека на Теодосиќ

ЦСКА Москва подготвува „ремонт“ на тимот по загубената титула во Евролигата, а по заминувањето на Арон Џексон на местото на американскиот плејмејкер беше доведен Лео Вестерман. Францускиот репрезентативец пристигнува во ЦСКА од редовите на Жалгирис, потпишувајќи двогодишен договор со рускиот кошаркарски гигант.

Вестерман, кој на почетоците на својата кариера настапуваше и за белградски Партизан, имаше серија добри игри за Жалгирис и во Евролигата и во регионалната ВТБ-лига, што беше причина тренерот Итудис да го побара токму него како освежување на тимот за позицијата резервен плејмејкер.

Приоритет за ЦСКА во моментов сепак е Милош Теодосиќ, кој во најскоро време ќе треба да се изјасни дали останува во Москва или ќе го прифати предизвикот наречен НБА. Понудата од четири милиони евра по сезона е веќе доставена до агентот на Србинот, а тој во следните седум дена ќе треба да ги обелодени плановите за својата иднина.

 

Се вчитува...