ЦСКА ќе ја брани титулата во Евролигата без Теодосиќ?

Плејмејкерот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ, е повреден и неизвесно е дали ќе може да им помогне на своите соиграчи во завршницата во Евролигата.

Српскиот кошаркар не играше за ЦСКА на последниот дуел со Басконија, во четвртфиналето од елитното европско натпреварување, на 25 април. Според информациите од Москва, во клубот се загрижени дека ќе бидат без својот најдобар играч и во одбраната на титулата на Ф4 турнирот во Истанбул.

Фајнал-фор турнирот ќе се одигра од 19 до 21 мај во  Истанбул,  ривал на ЦСКА во полуфиналето ќе и биде Олимпијакос. Во другото полуфинале се сретнуваат Реал и Фенербахче.

Се вчитува...