ЦСКА Москва го потпиша најдобриот стрелец во Евролигата

Првакот на Европа, ЦСКА Москва, се засили со плејмејкерот Мајк Џејмс. Тој потпиша едногодишен договор со „армејците“ и ќе биде големо засилување за рускиот состав. Ова ќе му биде шеста сезона во Евролигата, а доаѓа од Олимпија Милано.

Минатата сезона Мајк Џејмс ја доби наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во Евролигата, со просек од 19,8 поени по натпревар. Тој претходно настапуваше и за Панатинаикос, Басконија, како и за НБА-тимовите Феникс и Њу Орлеанс.

ЦСКА Москва досега доведе неколку нови кошаркари, Дарун Хилиард, Јоханес Војигтман, Јанис Штрелниекс, Коста Куфос и Рон Бејкер.

Се вчитува...