ЦСКА Москва убедлива против Алба Берлин, Жалгирис подобар од АСВЕЛ

Актуелниот европски шампион ЦСКА Москва без поголеми проблеми нагости  ја совлада германската Алба Берлин со … Уште од самиот старт Русите го контролираа мечот, а на полувреме заминаа со позитива од плус пет (34-39). Во второто полувреме уфрлија во поголема брзина и почнаа да го мелат противникот, а по 30. минути резултатот на семафорот изнесуваше огромни 42-61. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 66-82. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Мајк Џејмс со 22 поени, додека кај домаќините по 11 постигнаа Гифи, Шнајдер и Сикма.

Литванскиот гигант Жалгирис без поголеми проблеми славеше над францускиот АСВЕЛ со 70-56. Французите беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со шест поени разлика 14-20. Сепак клучна беше втората четвртина во која Литванците на гостите им дозволија да постигнат само 8 поени и на полувреме да заминат со позитива од плус пет (33-28). Во второто полувреме само ја зголемуваа предноста за конечен триумф од 70-56. Ледај со 13 и Валкуп со 12 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај гостите Џекири постигна 10 поени.

Се вчитува...