ЦСКА Москва започна со победа – Сара Ристовска перфектна

Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва со победа ја отворија новата сезона во рускиот шампионат. Овој пат клубот од главниот град на Русија беше подобар од Астраханочка славејќи со 27-31.

Македонската интернационалка одигра 30 минути на натпреварот, а истиот го заврши со перфектни четири гола од четири обиди.

Како потсетување, претходно Македонката стигна и до нов трофеј откако славеше и во рускиот Суперкуп против Скоробогатченко.

Се вчитува...