Српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ ова лето нема да се пресели во НБА лигата откако рокот за негов ангажман од страна на клуб од најсилното кошаркарско првенство официјално истече денеска.
Постоеше можност експолозивниот бек да потпише за Атланта Хокс, но НБА франшизата не влезе во конкретни преговори за ангажман на 29-годишникот кој изминатите три сезони настапуваше за Партизан.
Аврамовиќ веќе има купен авионски билет за Москва и наскоро тој ќе го задолжи дресот на еден од најтрофејните европски кошаркарски клубови, ЦСКА Москва. Тој ќе ја мине следната сезона во дресот на рускиот гигант, а иако има договор до 2026, следното лето ќе има повторно клаузула за преселба во НБА ако е реши за преселба во најсилната лига во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА